Хорор по Австралија Опен: Убиен познат кикбоксер! Пронајден мртов на паркинг, беше најбараната личност во подземјето

Точка

28/01/2025

17:22

3.328

Големина на фонт

а а а

Два дена по завршувањето на Австралија опен во Мелбурн, Сем Абдулрахим беше убиен.

Според австралиските медиуми, Абдулрахим бил најбараниот човек во подземјето во Мелбурн, а бил убиен откако подолг период ги избегнувал непријателските напади.

Напаѓачите пукале во него, а во моментот на убиството била присутна и неговата девојка.

Откако беше пронајдено телото на „The Punsher“, како што беше наречен Абдулрахим во светот на кикбоксот, неговата сестра најави одмазда.

„Кој и да го убил брат ми, јас те гонам. Знам дека си куче. Ништо не завршува тука“, рече таа.

Абдулрахим беше совршен во својата професионална кик-бокс кариера, имаше осум победи без пораз, а пет борби завршија со нокаут.