Нестварен пресврт – Шипиќ со гол во последната секунда ја однесе Хрватска во полуфиналето

Макфакс

28/01/2025

20:27

1.292

Големина на фонт

а а а

Хрватската ракометна репрезентација е првиот полуфиналист на Светското првенство, откако во Загреб ја совлада селекцијата на Унгарија со 31:30 (16:16). Откако Хрватска во последните шест минути ја стигна предноста од четири гола, натпреварот го реши Шипиќ со гол во последната секунда.

По изедначениот старт, Унгарците дојдоа до четири гола предност на половина од првото полувреме (10:6). Не подлегнаа Унгарците на жешката атмосфера во салата.

Сепак, публиката и понатаму ги поддржуваше домаќините до камбекот што се случи на почетокот на вториот дел од натпреварот.

Хрватска дури поведе на 21:20, кога следеше серија од четири последователни гола на Унгарија. Се играше 47. минута.

Во рок од две минути Хрватите го надополнија тоа и го изедначија резултатот, но повторно и дозволија на Унгарија да оди на +3, а потоа и на +4 (25:29).

На шест минути до крајот Унгарија имаше водство 26:30. Хрватска ја стигна таа предност, изеднчи со голот на Главаш од пенал на почетокот на последната минута. Херој во тие оменти беше Пешиќ кој забележа три одбрани.

Унгарија ги потроши последните 60 секунди, шутот на Бодо од тешка позиција го одбрани Шешиќ, а потоа зледуваше молскавичен контранапад, Шипиќ погоди и ја однесе Хрвватска во првото Мундијалско полуфинале по 2017 година.

Најефикасен кај Хрватска беше Главаш со шест гола, Мартиновиќ, Лучин и Јелиниќ постигнаа по четири. Кај Унгарија прво име беше голманот Бартоц со 14 одбрани, Илиќ постигна осум гола.

Подобриот од дуелот меѓу Франција и Египет ќе игра против Хрватска во полуфиналето.