[ВИДЕО] Најмалку 30 тела извлечени од реката: Авионот е преполовен, хеликоптерот главно недопрен

Макфакс

30/01/2025

13:43

2.376

Големина на фонт

а а а

Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон, откако авион се урна во воен хеликоптер, објави NBC News, повикувајќи се на локални телевизиски станици

Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот, пишува NBC News.

Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром Вашингтон Роналд Реган во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.

„Авионот е преполовен, хеликоптерот главно недопрен“: трае потрагата по преживеаните

Во тек е многу сложена операција за пребарување по преживеаните и по телата на загинатите кога патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Температурите може да се спуштат до -10 степени во текот на ноќта, јавува Би-би-си. Температурата на водата е на точка на замрзнување.

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром „Роналд Реган Вашингтон“ кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „блек хок“, во кој се наоѓале тројца војници.

Двете летала паднале во реката Потомак, а по ударот, авионот се скршил на делови. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе.

„Условите се исклучително тешки за спасувачите. Многу е студено и ветровито“, изјави шефот на противпожарната служба во Вашингтон, Џон Донели, на прес-конференција.

„Хеликоптерот е превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен“.

Новинарот на Си-би-ес, Крис ван Клив, рече дека човечки останки и остатоци од авион дошле на страната на Вирџинија на реката Потомак.

Тој додаде дека авионот се скршил на половина и дека нуркачките тимови имале пристап до кабината и пронашле една црна кутија.