Денеска е црвен вторник – Денот кој многумина го одбираат за раскинување на врската со партнерот

Точка

11/02/2025

14:28

863

Големина на фонт

а а а

Иако повеќето парови со нетрпение го очекуваат Денот на вљубените, има и такви кои одлучуваат да раскинат со партнерите пред најромантичниот ден во годината. Причината за ова е феноменот наречен „црвен вторник“.

За што се работи?

Црвениот вторник е најпопуларниот ден за раскинување во годината. Истражувањето кое опфати 1.200 луѓе покажа дека 36 отсто од нив ја раскинале врската во неделата пред Денот на вљубените. Од тој процент, 66 отсто од испитаниците раскинале на црвениот вторник.


Зошто е тоа така? Според студијата на „Illicit Encounters“, повеќе од една четвртина од испитаниците признале дека сакале да ги избегнат притисоците поврзани со Денот на вљубените. 27 отсто од нив признале дека едноставно не можеле да го поднесат чувството на вина преправајќи се дека се вљубени на најромантичниот ден во годината.

Како раскинале?

Доколку мислевте дека луѓето раскинуваат лице в лице на црниот вторник – се лажете. 33 отсто од испитаниците раскинале преку телефонски повик, а 29 отсто преку СМС-порака.

Мажите милениумци ги предводат раскинувањата на црвениот вторник, додека бумерите се постабилни (само осум отсто од нив раскинуваат на овој ден).


„Раскинувања на Црвениот вторник се случуваат затоа што луѓето не сакаат да ги лажираат своите чувства на Денот на вљубените. Наместо да имаат романтични моменти, тие претпочитаат да бидат искрени – дури иако тоа значи скршено срце“, објасни Џесика Леони, експертка за љубовни врски.


„Тоа е исто така време кога луѓето размислуваат за нивната врска и одлучуваат дали навистина гледаат заедничка иднина. Некои се чувствуваат заробени поради Денот на вљубените и очекувањата кои доаѓаат со него, па наместо напорно да се трудат околу врската за која мислат дека нема да потрае, тие одлучуваат да раскинат“, додаде таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk