Тимот на Лос Анџелес Лејкерс доживеа уште еден непријатен пораз во НБА лигата и тоа одново од една од најслабите екипи во оваа сезона.
На последниот меч пред ол-старот кој се одржа во Сан Франциско, „езерџиите“ беа поразени од претпоследната екипа на Западот (Јута Џез) додека пак рано утрово загубија од составот кој е претпоследен на Истокот, Шарлот Хорнетс.
Гостите со подобра игра во вториот дел се изборија за пресврт и триумф од 100:97. Првата ѕвезда на домаќините Џејмс имаше можност да го однесе натпреварот во продолжение, меѓутоа не ги реализираше два обиди за три поени во последните секунди.
Леброн заврши со 26 поени, 7 скока и 11 асистенции, Хачимура додаде 17 кошеви, додека Дончиќ одново имаше слаб меч за негово ниво со дури 6 загубени топки, вкупно 14 кошеви, 11 скока и 8 асистенции.
Кај победникот блескаа Бриџис и Бол, првиот уфрли 29, вториот 27 кошеви.