Шампионите секогаш подржуваат шампиони ,под ова мото започна приказната помеѓу лидерот во приредување игри на среќа и Даниела Алексовска – натпреварувач во боречки вештини. После една успешна година, новата 2025, младата спортистка ја стартува со злато и со титула европски шампион во ММА. И овојпат Mozzart беше главниот поддржувач на Даниела и нејзин партнер до големиот успех.
„По една година напорна работа го достигнавме највисокото место на пиедесталот на европското првенство во ММА. Моите амбиции за постигнување на поголеми успеси не завршуваат тука. Заедно со мојот тим се стремиме кон освојување на светската сцена во ММА со што ќе го потврдиме нашиот досегашен успех и квалитет. Секако голема благодарност до Mozzart без кои оваа авантура не би била возможна”, изјави Даниела Алексовска”, репрезентативец во ММА и Бразилска Џиу-Џица.
Лидерот во приредување игри на среќа и оваа година ќе биде дел од секој натпревар на Даниела, нејзиниот верен поддржувач и ветер во грб за уште многу освоени медали.
„Втора година продолжуваме соработка со Даниела Алексовска. Ова беше првиот натпревар во новата сезона, а кој таа го заврши на првото место и се закити со златен медал. Ако денот по утрото се познава, ова ќе биде уште една интересна,возбудлива и успешна година за Mozzart и Даниела. Среќни сме што имавме можност да застанеме зад оваа млада спортсистка, да ја поддржиме и да и помогнеме полесно да го дистигне врвот”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Кога станува збор за младите таленти, Mozzart секогаш бил и ќе остане еден од најголемите поддржувачи и помагачи за исполнување на нивниот сон.