Светски познатата порно ѕвезда Џена Џејмсон, која некогаш ја нарекуваа „кралица на порното“, официјално поднесе барање за развод од сопругата Џеси Лолес, по речиси две години брак.
Периодот пред да стават крај на врската бил доста турбулентен, а проблемите кои Џејна ги имала поради алкохолот, дополнително ги влошиле односите. Според судските документи, Џејмсон во четвртокот поднела барање за развод во округот Кларк во Невада.
🚨 **NEWS FLASH** 🚨
— News Flash (@CryptoProbing) March 3, 2025
Jenna Jameson Files for Divorce From Wife Jessi Lawless After Nearly 2 Years of Marriage - Yahoo Entertainment
Jenna Jameson and Jessi Lawless are ending their marriage less than two years after tying the knot in Las Vegas.
Source: PEOPLE
Ова не е прв пат да се зборува за разоводот. Лолес претходно поднела барање за поништување на бракот во април 2024 година, наведувајќи дека нејзината партнерка консумирала алкохол.
Лолес, која е фризерка и водителка на поткастот „Born Loveless“, изјави во петокот дека Џејмсон постојано се обидувала да ја обнови нивната врска.
„Таа неколку пати се селеше кај пријатели во Чикаго, потоа кај друга пријателка во Калифорнија, а потоа беше во Лас Вегас некое време, па беше тешко да ѝ се достави барање за развод“, објаснува Лолес.
Џејмсон побарала да ги задржи нејзините луксузни чанти на Шанел и Луј Витон и сентиментални парчиња накит, како што се ѓерданот со симбол на еврејската вера и ланчето на нејзиниот покоен татко.
Лолес, која се забавува со моделот Кристијана Гидино во последните осум месеци, го прослави барањето за развод на Инстаграм, објавувајќи видео.
„Благодарна сум што изгледа дека Џена ќе продолжи понатаму“, објави Лолес.
Џејмсон и Лолес се венчаа во мај 2023 година на интимна церемонија во Лас Вегас, но нивната врска набрзо се распадна.
Лолес јавно објави дека ќе го напушти ТикТок во април 2024 година, наведувајќи ги сите лоши навики на Џена Џејмсон, пред сè нејзината склоност кон алкохол.
„На почетокот на нашата врска ѝ кажав дека повлеков линија и дека пиењето ѝ предизвика толку многу проблеми во животот што нема да го толерирам тоа под никакви околности“, рече Лолес и додала:
„Џена почна да пие додека беше на пат во Чикаго и се обиде да го скрие тоа од мене. Потоа кога се соочив со неа, таа дефинитивно се обиде да лаже додека не ѝ кажав дека имам фотографии“.
И покрај нивниот жесток конфликт, Лолес тврдеше дека сè уште се грижи за Џејмсон.
„Ја сакав со целото мое срце и го сакав најдоброто за неа“, изјави таа во моментот на нивната разделба.
Џена Џејмсон исто така беше во брак со Џеј Грдин и Тито Ортиз.