На последниот ден од сезоната, за малку ќе се случеше несреќа кога германскиот скијач Линус Штрасер ја имаше својата прва трка во слаломот.
Со машкиот и женскиот слалом во Сан Вали, заврши скијачката сезона.
На последниот ден од сезоната, за малку ќе се случеше несреќа кога германскиот скијач Линус Штрасер ја имаше својата прва трка во слаломот.
Додека Штрасер скијаше, на средина од патеката пред него се појави волонтер.
Ситуацијата беше целосно неочекувана – волонтерот очигледно одбрал погрешен момент за да се најде на патеката. Во такви околности, многумина би се парализирале од страв, но Штрасер остана смирен.
😮 On a frôlé la catastrophe à Sun Valley ! En plein slalom, un lisseur traverse la piste juste devant Linus Strasser... #ChaletClub pic.twitter.com/lw9aCtflmu
— Eurosport France (@Eurosport_FR) March 27, 2025
Германецот успеа да ја задржи концентрацијата и да ја заврши првата трка на седмото место, додека во вкупниот пласман се најде на шестата позиција.
Што се однесува до волонтерот, сигурно ќе размисли двапати пред да се обиде да направи нешто слично во иднина.