Димитриеска-Кочоска: Сметководство со примена на меѓународни стандарди за поголема конкуреност на компаниите и развој на економијата

Макфакс

04/04/2025

11:44

334

Големина на фонт

а а а

Министерството за финансии во соработка со Институтот на сметководителите и овластените сметководили работи активно на унапредување на сметководствената професија и нејзино издигнување на повисоко ниво. Ова го порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на Втората регионална конференција на сметководителите и овластените сметководители во РС Македонија.

„Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата сметководител е клучната алатка во анализата на сите податоци, кои се основа за донесување прави деловни одлуки. Професионалниот и одговорен сметководител има исклучително значајна улога во составувањето и потпишувањето на годишната сметка, финансиските извештаи и даночните пријави, кои ја имаат клучната улога за државата. Оттука, важна улога има Институтот на сметководителите и овластените сметководители во унапредување и издигнување на сметководствената професија и градење сметководство со примена на прифатени стандарди во развиените земји, кои влијаат на конкурентноста на домашните компании и можност за соработка со компаниите на глобално ниво“, рече министерката и упати на значењето на сметководителите, кои се финансискиот крвоток на компанијата и дека нивните вештини носат до развој на компаниите и развој на целокупната економија.

Таа посочи дека се работи на нов закон за сметководили, кој е во линија со барањата на европското законодавство, односно Директивата за корпоративно известување за одржливост и добрите меѓународни практики и стандарди, како и на примена на ESG-стандардите (Environmental, Social, Governance), односно животна средина, општествена одговорност и управување, кои претставуваат темел за градење одржлив бизнис, а кои стануваат сè поактуелни.

Конференцијата се одржа во Скопје во организација на Институтот на сметководителите и овластените сметководители.