„Тој е кошмар за Европа, му помага на Путин“: Загадочниот милионер на пат да стане нов премиер?! Добро се разбира со Фицо, Орбан и Трамп – но овој човек му е главен противник!

Точка

09/04/2025

21:34

7.505

Големина на фонт

а а а

Сегашната влада на Чешка, предводена од премиерот Петр Фијала, е еден од најдоследните сојузници на Украина во нејзината борба против руската агресија. Но, загриженоста расте дека евентуалното враќање на Бабиш на власт може сериозно да ја загрози таа поддршка.

Популистичкиот фаворит на изборите во Чешка, Андреј Бабиш, претставува безбедносен ризик за Европа и шири руска пропаганда — предупреди чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, во изјава за Политико.

– Политичките тензии растат пред клучните избори оваа есен, кои би можеле радикално да ја сменат западната ориентација на Чешка и да ја втурнат во централноевропскиот блок блисок до Кремљ, каде веќе се наоѓаат Унгарија и Словачка.


„Бабиш постојано се игра со руските наративи. Тој е небезбеден избор. Член е на Патриоти за Европа, група која во Европскиот парламент промовира руски ставови. Тој е близок пријател на Орбан и сака да нè вовлече во слична политика“, изјави Липавски во интервју одржано во Брисел.

Сегашната влада на Чешка, предводена од премиерот Петр Фијала, е еден од најдоследните сојузници на Украина во нејзината борба против руската агресија. Но, загриженоста расте дека евентуалното враќање на Бабиш на власт може сериозно да ја загрози таа поддршка.


„Бабиш изјави дека ќе ја прекине иницијативата за набавка на муниција за Украина... Дури и за време на претседателската кампања не можеше јасно да потврди дека би го поддржал членот 5 од НАТО доколку Полска биде нападната – беше крајно нејасен“, додаде Липавски, кој во моментов е независен министер откако ја напушти Пиратската партија. Тој истакна дека ќе се кандидира на наредните избори како дел од владејачката коалиција СПОЛУ.

Анкетите спроведени од институтот СТЕМ во Прага покажуваат дека Бабиш, кој беше премиер од 2017 до 2021 година, моментално води со 31,5% поддршка, додека коалицијата СПОЛУ има околу 20%. Точниот датум за изборите сè уште не е официјално утврден, но се очекува да се одржат во септември или октомври.


„Во овие тешки времиња, на нашата земја ѝ е потребно силно европско лидерство – лидерство кое ќе покаже способност да ја поддржи Украина, да ѝ се спротивстави на Русија и да остане дел од коалицијата на волни – како што тоа го прави актуелниот премиер“, истакна Липавски.

Коалицијата во последните недели ја интензивираше критиката кон Бабиш, обидувајќи се да ја ослаби позицијата на милијардерот и поранешен земјоделски магнат, кој е и поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Премиерот Фијала за Фајненшл Тајмс изјави дека е „многу јасно“ оти Бабиш „му помага на Владимир Путин“. Бабиш возврати дека Фијала „лаже и треба да се срами“.


Бабиш, лидер на партијата АНО, често ги повторува пораките на унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо, тврдејќи дека дипломатскиот пристап – а не дополнителното вооружување – е единствениот пат кон прекин на војната во Украина. Тој дури изјави дека очекува Доналд Трамп да стави крај на конфликтот пред новата чешка влада да дојде на власт.

Колку кампањата би можела да стане жестока, покажува и еден настан од почетокот на 2024 година, кога Липавски го нарече Бабиш „безбедносен ризик“, по што Бабиш им наредил на своите соработници да најдат компромитирачки информации за министерот. Но, по грешка, барањето било испратено на погрешна адреса — што предизвика вистинска врева на социјалните мрежи.