Кевин де Брујне веќе официјално потврди дека ќе го напушти Манчестер Сити по крајот на сезоната, а заинтересираните клубови за неговиот потпис веројатно активирале преговори и разговори со неговите агенти.
За Белгиецот одамна постои интерес од Саудиска Арабија, но се чини дека пореална е опцијата да се пресели во МЛС, односно во Соединетите Американски Држави.
Американските медиуми објавија информација според која Интер Мајами го има обезбедено правото на ексклузивност во однос на евентуални преговори со Де Брујне, што значи дека ако фудбалерот на Сити реши да се пресели во МЛС, прво ќе мора да преговара со клубот од Флорида.
Според правилата на МЛС, секој клуб има право да потпише таков ексклузивитет со пет фудбалери, со што добива можност да преговара со тој фудбалер без ривалските екипи да испратат конкурентни понуди.
Де Брујне може да го напушти Сити пред Светското клупско првенство, а на овој турнир ќе учествува и Интер Мајами.