Ѓекереш: Останав шокиран од одлуката на Аморим

Дерби

09/07/2025

13:21

1.336

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓекереш е во напредни преговори за трансфер во Арсенал и се очекува операцијата набрзо да добие свој расплет, но пред да дојде до такво сценарио, шведскиот напаѓач во интервју за „Франс Фудбал“ се огласи за извонредната соработка која ја имаше со Рубен Аморим.

Ѓекереш не крие дека најдобриот фудбал во кариерата го играл токму под водство на актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, па иако претпоставките беа големи дека тој ќе го следи неговиот чекор на „Олд Трафорд“, очигледно Швеѓанецот има други намери.

Во разговорот за францускиот медиум, извонредниот голгетер има само позитивно мислење за работата на Рубен, но исто така потенцира дека останал целосно шокиран кога го напуштил Спортинг на средина на сезоната.

– Стилот на игра кој го практикуваше Аморим е оној кој перфектно одговара на мене. Оставивме историски моменти зад нас, како клуб освоивме две последователни титули во домашното првенство за првпат после 71 година. Тоа е огромен успех и секако дека Аморим беше важен дел од тој успех.

– Да бидам искрен, бев шокиран кога си замина. Никогаш немав видено тренер како си оди на средина на сезоната кога се оди толку добро, кога чекориме кон одбрана на титулата. Тоа беше големо изненадување, но од друга страна, целосно ја разбирам неговата одлука, – вели Ѓекереш.