Зубац и Богдановиќ се хит во НБА: Му реков ако погоди, никогаш веќе нема да плати вечера

Дерби

11/04/2025

14:22

2.386

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Клиперс го финишира регуларниот дел од НБА сезоната со одлична серија, а дел од виновниците за таквиот ефект се Ивица Зубац и Богдан Богдановиќ.

Хрватско-српскиот тандем комуницира одлично на теренот, Зубац и Богдановиќ се дружат многу и кога немаат клупски обврски, а на последниот дуел го прославуваа и првиот трипл-дабл во НБА кариерата на хрватскиот центар.

На нешто повеќе од една минута до крајот, Зубац бркаше асистенција и му ја додаде топката на српскиот репрезентативец, кој успеа да погоди тројка и на тој начин го круниса одличниот настап на својот соиграч.

– Тренерот сакаше да ме извади од игра, но сите околу него му велеа да не го прави тоа. Ме праша дали се сложувам, а јас му потврдив дека ќе останам до крајот.

– Го посакував тој трипл-дабл, му кажав на Боги дека ќе му додадам и да шутира без разлика што се случува. Тој го направи тоа и покажа дека е шутер за клучни моменти, па му кажав дека веќе никогаш нема да плати за вечера, – открил Зубац.