Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Расмус Хајлунд е заинтересиран за преселба во Јувентус.
Италијанскиот клуб сака да го засили нападот за претстојното Светско клупско првенство, кое е закажано за претстојното лето во САД.
Јувентус воспоставил контакт со претставници на данскиот фудбалер, објави „Тутоспорт“.
Црно-белите немаат доволно напаѓачи и мора да донесат засилувања во пресрет на Светското клупско првенство кое започнува на 14. јуни во САД.
Се очекува Јувентус да ја прекине соработката со Аркадиуш Милик, кој цела сезона има проблеми со повреди и не одигра ниту еден натпревар. Исто така, на крајот од сезоната му истекува позајмицата на Рандал Коло Муани, кој треба да се врати во Пари Сен Жермен, додека договорот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ истекува во 2026 година и се очекува летово да биде продаден бидејќи не сака да остане во Торино.
Во меѓувреме, со месеци се шпекулира за голем број клубови кои се заинтересирани за него, а еден од нив наводно е Манчестер јунајтед.
Затоа, два клуба многу лесно би можеле да направат размена. .
Покрај Хојлунд, Јувентус е заинтересиран и за Адемола Лукман од Аталанта и Виктор Осимен, играчот на Наполи кој е позајмен во Галатасарај.