[ФОТО/ВИДЕО] 10 години штедел за ферари, а го изгубил за само 1 час: Младиот продуцент гледал како гори неговиот автомобил од соништата

Точка

23/04/2025

14:16

4.765

Големина на фонт

а а а

Откако штедел 10 години за ново „Ferrari 458 Spider“, Јапонецот кој само еден час откако седнал зад воланот, гледал како гори неговиот автомобил од соништата.

Несреќната приказна за младиот музички продуцент, кој јапонските медиуми го претставиле само како Хонкона, ги преплави локалните социјални мрежи.

33-годишникот од бендот „ChocoLab“, кој потрошил цело богатство за да купи Ферари, на платформата Х споделил што му се случило.

Во средата, на 16 април, тој го возел новиот „ѕвер“ на автопатот Шуто во Токио кога забележал бел чад. Најпрвин мислел дека чадот доаѓа од возилото до него, но кога истото се оддалечило сфатил дека се работи за неговото Ферари.

Хонкон го запрел автомобилот, излегол и повикал пожарникари. Следните 20 минути ги поминал гледајќи како гори неговиот скап бел автомобил, а на крајот бил речиси целосно уништен.

„Мислам дека сум единствената личност во Јапонија која доживеала ваква несреќа. Потрошив 43 милиони јени (306.000 долари), а ми остана само оваа слика“, напишал Хонкон на платформата X, покрај фотографијата од остатоците од автомобилот.

Полицијата од Токио соопшти дека на Ферарито нема траги од удар, но истрагата е сè уште во тек. Се верува дека пожарот избувнал во моторот, иако причината останува непозната, пренесе „Oddity Central“.

Иако бил потресен од несреќата, Хонкон на своите следбеници на мрежата Х им кажал дека имал среќа што останал жив, бидејќи се плашел дека автомобилот можел да експлодира.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk