[ВИДЕО] Исповед на поранешен "UFC" борец: „Седам таму со килограм кокаин во желудникот… “

Супермен

28/04/2025

16:21

706

Големина на фонт

а а а

Иан Хејниш, поранешен "UFC" борец, раскажа неверојатна животна приказна.

Иан Хејниш е поранешен "ММА" борец со професионален скор од 15 победи и 4 порази. Во "UFC "настапуваше од 2018 до 2023 година, остварувајќи 3 победи и 4 порази, при што сите негови порази се од борби во елитната организација.

Се бореше против одлични борци како Дерек Брансон, Келвин Гастелум и Насурдин Имаов. По поразот од „Hurricane“, Хејниш реши да се повлече од професионалните натпревари.

Тој објасни дека пред да влезе во светот на "ММА", бил интернационален нарко-дилер, тргувајќи со екстази таблети, за што бил и уапсен. Исто така, се занимавал и со трговија на кокаин во Холандија и Шпанија, каде што работел и како келнер.

Бакшишите и платата очигледно не биле доволни, па Иан Хејниш се вратил кон наркобизнисот, шверцувајќи кокаин од Јужна Америка во Шпанија за еден од водечките колумбиски картели.

Во интервју за „Soft White Underbelly“, Хејниш се присети на тие моменти:

„Се сеќавам, тоа ми беше четврта тура за Колумбија. На аеродромот ме застана тип кој покажа значка, кажа дека работи за тајната полиција и ми рече да седнам. Седнав покрај прекрасна девојка и сомнително момче и ги прашав што правиме тука. Таа ми рече дека сме на рендген. Седам таму со килограм кокаин во стомакот и размислувам како ќе го поминам остатокот од животот во затвор,“ раскажува Хејниш.

„Колумбијците го завиткуваа кокаинот во посебен материјал и тврдеа дека тоа ќе помогне да се помине рендгенот. Се надевав дека е вистина, но некако знаев дека само сакаат да ме смират. Влегов во просторијата со рендгенот, ги ставив рацете на машината и бев понервозен од кога било. Пријдоа, ми посакаа убав ден и ми побараа отпечатоци и потпис. Верувајте ми, таков налет на адреналин не сум почувствувал ни во една борба во животот. Не можев да поверувам дека ја поминав контролата,“ додава тој.

Роден во Денвер, Хејниш во 2011 година заврши во затвор и три години ја издржуваше казната на Канарските Острови, а потоа и во затворот Рајкерс во САД. По тие искуства, реши целосно да му се посвети на спортот.

Оствари импресивна "ММА" кариера и денес живее мирен семеен живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk