Италијанската манекенка Клаудија Романи ги измами воздишките на следбениците на социјалните мрежи откако позираше во минијатурно бикини.
Зазела провокативни пози во Мајами, а следбениците ја преплавија со комплименти во коментарите.
„Жолтата е твојата боја“, „Фантастична си“, „Една од најубавите жени на светот“, „Ми го разубави денот“, се само некои од нив.
Се има појавено на насловните страници на бројни магазини, вклучувајќи ги „GQ“, „Maxim“, „Cosmopolitan“ и „Playboy Italy“. Во 2006 година, списанието „FHM“ ја вброи меѓу 100-те најсекси жени во светот.
You love yellow … 😝 So… enjoy your favorite 🇨🇴 👙 by @joylove_88 pics by @uloraphotography
Posted by Claudia Romani on Wednesday 25 June 2025
Пред 10 години учествуваше во францускиот реалити-шоу „Secret Story“ заедно со својот поранешен дечко Кевин Глеизес. Донесе одлука да го напушти шоуто по елиминацијата на Кевин.
Во 2009 година се пресели на Флорида. Пред 11 години стана професионална фудбалска судијка. Тогаш изјавила дека е воодушевена што конечно станала компетентна да суди натпревари во Серија А и Серија Б. Сепак, денес се занимава исклучиво со инфлуенсерство.