Возачите кои долго време имаат возачка дозвола често се сретнуваат со сообраќајни знаци кои не ги познаваат, или заборавиле кое е нивното значење или никогаш не го научиле нивното значење.
Еден од тие сообраќајни знаци е и знакот којшто претставува престанување на забрана и ограничување.
Сообраќајните знаци на учесниците во сообраќајот им даваат потребно известување за патот на којшто се движат, за имињата на местата низ кои поминуваат и оддалеченоста од тие места.
Koliko godina vozim, ovo nikad video nisam, a kažu da ga ima svuda. Šta ovo znači? pic.twitter.com/t4gH0goeqv
— Glengeri kontakti (@FuckinDeadbeat) June 15, 2023
Исто така тие даваат информации за престанување на важење на знаците за изречени наредби како и други корисни известувања.
Овој знак претставува престанување на забрана и ограничување, односно го означува местото на патот од каде престануваат да важат соодветните ограничувања и забрани кои пред тоа место биле воспоставени со помош на сообраќајни знаци за забрана и ограничувања, поставени на тој пат.
Без оглед на тоа дали станувало збор за ограничување на брзината, забрана за претекнување итн. Сето тоа престанува да важи после овој сообраќаен знак.