Славната актерка со изјавата ја налути јавноста: „Среќна сум зошто немам деца“

Точка

30/04/2025

10:00

1.927

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Хедер Грејам во интервју изјавила дека не жали поради одлуката да нема деца.

Покрај тоа, Хедер исто така го пофалила фактот што сѐ повеќе жени се одлучуваат на тој чекор.

„Мораш да го цениш животот којшто го имаш“

„Имаше моменти кога се прашував како би изгледал мојот живот доколку родев дете. Сепак, можам да кажам дека 80 отсто од времето ми е драго што немам деца – се чувствувам слободно и добро поради тоа, а 20 отсто од времето размислувам како би изгледал животот со деца. Мораш да го цениш животот којшто го имаш“, изјавила актерката во разговор за „Гардијан“.


Таа истакнала дека ѝ е драго што сѐ повеќе жени отворено зборуваат за тоа дека не сакаат да имаат деца.

„Општеството наметнува дека мораш да имаш деца, но зошто? Доколку не си личност која постојано им удоволува на другите, што сакаш всушност?“, прашала актерката.

Во 40-те почнала да го менува погледот на животот

Грејем открила дека поголем дел од животот била насочена на тоа да ги задоволи очекувањата на другите, но дека во 40-те почнала да го менува својот поглед кон животот и љубовните односи.


„Сфатив дека едноставно можам да се запрашам што сакам и како да се направам себеси среќна“, заклучила таа.

Инаку, Грејам е позната по улогите во бројни филмови од 90-те и 2000-те.