Додека мажите воздивнуваат по нејзините облини, зад сето тоа се крие многу поважна порака.
Оливија Мун е една од најубавите актерки на светот. Со години ја носи оваа титула, а сега целосно ги распаметила мажите ширум светот.
Имено, кадрите од серијата во која глуми се главна тема на интернет. Убавата Оливија пред камерата е гола, а со рацете ги покрива градите. Малку е да се каже дека пред оваа сцена некој останал рамнодушен.
Додека мажите воздивнуваат по нејзините облини, зад сето тоа има многу важна порака. Оливија во текот на изминатата година поминала низ тежок период и од тогаш не се срами да го покаже своето тело.
На актерката ѝ бил дијагностициран билатерален рак на дојка во април 2024 година и од тогаш била на повеќе третмани. Таа во март објавила дека го победила ракот.
„Имав целосна хистеректомија. Ми ја извадија матката, јајцеводите и јајниците. Целосната хистеректомија беше многу голема одлука, но за мене беше најдобра затоа што морам да бидам покрај своето семејство“, признала актерката.