Бен Афлек можеби е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, но не сака секогаш да биде во центарот на вниманието. Во подкастот „Изминатиот викенд“ (This Past Weekend), тој откри зошто изгледа намќоресто, па дури и луто на повеќето фотографии.
„Не сакам да бидам на големи друштвени настани, не излегувам многу. Доста сум срамежлив, не сакам да бидам пред камери“, рече тој. Иако може да изгледа како чудна изјава за некој со кариера во глумата, Афлек гледа разлика помеѓу снимање филмови и фотографирање од папараци.
„Кога станува збор за мојот живот надвор од глумата, не сакам луѓето да ме гледаат како шетам во маица или долна облека. Би сакал мојот приватен живот да биде уште поприватен. Не знам колку луѓе сакаат јавноста да го анализира секој нивен потег, но јас ја обожавам глумата“, истакна тој.
Појавувањето на Афлек во поткастот е прегледано 2,7 милиони пати и собрало повеќе од 9.000 коментари.
„Ова беше паметно од негова страна. Медиумите го малтретираат со години, ова го прикажува како нормална личност“, „Афлек е скромен, ни требаат повеќе познати личности како него“, „Нема многу луѓе како него во Холивуд“, напишаа некои.
Да потсетиме дека неодамна се појавија гласини дека Афлек се скарал со поранешната сопруга Џенифер Лопез околу продажбата на нивната вила. Актерот наводно сака да ја намали првичната цена од 68 милиони долари, додека пејачката не е задоволна од тоа. Агентите за недвижности наводно им рекле на поранешните сопружници дека мора да ја намалат цената за најмалку 15 отсто.
Тие ја купиле вилата во јуни 2023 година за 60,8 милиони долари и наводно преплатиле за неа. Куќата има 12 спални соби и 24 бањи и се простира на површина од нешто повеќе од 4.200 квадратни метри. Претходно, извори блиски до поранешната двојка изјавија дека ниту еден од нив не е премногу среќен во вилата.