Ова е новиот "Jeep Compass"

Точка

02/05/2025

19:58

1.365

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шират фотографии од новата генерација на популарниот модел на "Jeep".

Иако од "Jeep" веројатно не се задоволни поради протекувањето на официјалните фотографии пред премиерата, можат да бидат задоволни од повратните реакции. Повеќето се согласуваат дека "Jeep" успеал одлично да ја прикрие "Stellantis" архитектурата и повторно да создаде модел со силен карактер.


"Compass" преминува на "Stellantis" платформата, што значи дека зад карактеристичниот изглед во вид на "кутија" на "Jeep" се крие веќе позната основа. Таа подразбира широка палета на погонски единици, вклучително и хибриди, "plug-in" хибриди и целосно електрични изведби.

Судејќи според бројните фотографии што најверојатно потекнуваат од бразилската страна "Quatrorodas", "Jeep" планира и визуелно да ги оддели електричните верзии, а во понудата ќе биде и авантуристичката верзија "Trailhawk".


Надворешниот дизајн очигледно се инспирира од помалиот модел "Avenger", со препознатливи "Jeep" елементи. Забележителни се и современите "LED" светла.

Може да се види и внатрешноста која, благо кажано, изгледа очекувано. Новиот дизајн вклучува голем "infotainment" екран поставен над ред физички копчиња и ротирачко тркало. Централната конзола и инструмент таблата се нагласени со алуминиумски детали и, очигледно, бројни практични прегради. На фотографиите е прикажана побогато опремена верзија со панорамски кров со двоен отвор, "head-up" дисплеј и кожни седишта со контрастни шевови.


"STLA Medium" архитектурата ја дели со модели како "Peugeot 3008/5008", "Opel Grandland" и "Citroën C5 Aircross", па затоа се очекуваат погонски решенија што веќе се познати во понудата на останатите брендови од концернот.

"Jeep Compass" ќе влезе во производство до крајот на годинава и ќе се произведува во фабриките во Италија.