[ФОТО] "Volkswagen" со најкул подарок за 50-от роденден на "Polo"

Точка

01/05/2025

08:49

3.952

Големина на фонт

а а а

"Volkswagen Polo" оваа година го слави својот 50. роденден, а по тој повод доби уникатен подарок – специјален минијатурен воз со 70 модели на Поло, кој се движи низ светски познатата атракција "Miniatur Wunderland" во Хамбург.

"Polo", заедно со "Golf" и "Passat", со децении е еден од клучните модели на "Volkswagen". Иако последниве години нивната популарност ја засенија "SUV" и кросовер моделите, "Polo" успеа да истрае и да стане вистинска автомобилска икона.


Во рамки на јубилејната прослава, посетителите на "Miniatur Wunderland" – една од најпознатите туристички атракции во Германија – имаат можност да ја видат оваа посебна поставка: мини воз составен од 12 вагони, на кои се изложени дури 70 модели од "Polo" во размер 1:87.


Возот е дел од специјална изложба на "Volkswagen" и се движи низ детално изработената минијатурна верзија на Хамбург, минувајќи покрај познати знаменитости како што се "Elbphilharmonie", мостовите над Елба и прочуеното пристаниште во Хамбург. Дури и мини железничките станици се украсени со постери со логото „50 Years of Polo“.


Најголемиот дел од изложените модели се од петтата генерација на "Polo" (производство од 2009 до 2017 година), но внимателните посетители ќе забележат и еден редок син примерок од првата генерација од 1975 година. Интересно е што најновата, шеста генерација – која е на пазарот од 2017 година – не е претставена, веројатно поради недостапност на минијатурни модели во тој размер.


"Miniatur Wunderland", сместен во историската зона "Speicherstadt" во Хамбург, е една од најпосетените атракции во Германија. Познат е по своите неверојатно детални макети на градови, пејзажи и сообраќајни мрежи.


"Polo", со повеќе од 20 милиони продадени примероци ширум светот од 1975 година наваму, е еден од најпрепознатливите модели на "Volkswagen". Моментално е во својата шеста генерација, а за 2025 година е најавено големо освежување – второ по ред по редизајнот од 2021 година. Со ова, моделот ќе ги исполни новите и построги "Euro 7" стандарди за емисии и ќе остане на европскиот пазар уште неколку години. И понатаму ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување, но во иднина ќе му се приклучат и целосно електрични модели, како "ID. 2" и "ID. 1", кои се очекуваат во следните две години.