Трамп повторно провоцира со слика како папа: „Ова е човекот што ги прекрши сите 10 заповеди“

Точка

03/05/2025

10:53

1.298

Големина на фонт

а а а

Погребот на папата Франциско се одржа минатата сабота на плоштадот Свети Петар, а и таму Доналд Трамп предизвика згрозеност – додека повеќето државници беа облечени во црно, Трамп се појави во сино одело.

Откако неодамна на шега изјави дека би сакал да биде папа, Трамп продолжи во истиот дух и синоќа на својата социјална мрежа "Truth Social" објави "AI"-генерирана фотографија на која е прикажан како папа, што, разбирливо, предизвика бројни реакции. "Newsweek" дури испрати официјално прашање до Ватикан во врска со тоа.

„Типот што ги прекрши сите 10 Божји заповеди објавува слики на кои глуми дека е следниот папа“, напиша Мелани Д’Ариго, поранешна демократска кандидатка за Конгресот.

Откако Трамп изјави дека би бил добар избор за папа, и сенаторот Линдзи Греам саркастично изјави дека треба да се размислува и за таква можност.

„Првиот Папа-претседател има многу предности. Гледаме бел чад … Трамп MMXXVIII (2028) – додаде тој.