Антони по новата мајсторија во дресот на Бетис: Се пронајдов себеси…

Дерби

05/05/2025

11:30

331

Големина на фонт

а а а

Бетис со голем пресврт дојде до трите бода во пресметката со Еспањол во шпанската Примера, победа во која клучниот потег го имаше зимското засилување Антони.

Офанзивецот потврди дека е во супер ритам и форма и со ремек дело во судиското продолжение донесе триумф за клубот од Севилја кој е многу значаен затоа што се води жестока битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.

- Многу сум среќен со победата, со прекрасниот гол на крајот од натпреварот. Знаевме дека ќе биде многу тешко, а сега можеме да уживаме во победата бидејќи е многу важна, - рече Антони кој ужива играјќи за Бетис.

- Ова е многу важно бидејќи во многу интервјуа кажав дека се пронајдов себеси бидејќи сум среќен, работите одат добро. Тренерот се шегуваше со мене бидејќи постигнав одлични голови со десната нога, но ме праша кога ќе го направам тоа со левата нога. Го прегрнав откако постигнав гол бидејќи тој е некој за кого длабоко се грижам и сум благодарен за неговата доверба, - порача Бразилецот кој има 7 гола и 4 асистенции на 20 средби за составот од „Бенито Вилјамарин“.

Тој е позајмица до крајот на оваа сезона и останува да се види која ќе биде неговата судбина со оглед на тоа што е врзан со Манчестер Јунајтед до 30 јуни 2027 година.