Интер добива неочекувано засилување за реваншот со Барселона

Дерби

05/05/2025

12:50

450

Големина на фонт

а а а

Утре ќе го добиеме првиот финалист во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде калчологашот Интер или лидерот во Примера, Барселона.

Првата средба во Каталонија заврши без победник 3-3 што јасно покажува дека се е отворено на „Џузепе Меаца“, односно дека двете екипи имаат подеднакви шанса да обезбеда билет за „Алијанц Арена“ во Минхен.

Барса за овој меч го добива назад напаѓачот Левандовски, ама не и левиот бек Балде за кого се сметаше дека ќе биде фит и ќе биде подготвен затоа што е повеќе од потребен, меѓутоа ја нема надминато повредата и не се најде на списокот на патници за Милано.

Интер од друга страна пак по се изгледа ќе добие неочекувано засилување во капитенот Лаутаро Мартинез. Аргентинецот се повреди на првиот меч во Барселона и беше заменет на полувремето, па со оглед на тоа што стануваше за мускулен проблем многумина сметаа дека тој е загубен за реваншот, односно дека ќе му треба чудо за да му се стави на располагање на тренерот Симоне Инѕаги.

Меѓутоа ако се точни информациите на „Газета Дело Спорт“, напаѓачот не само што ќе биде на листата на играчи за мечот туку и ќе биде стартер што е огромна вест за италијанскиот прволигаш.

Ако ова се потврди тоа значи дека Лаутаро скока само еден меч и тоа оној против Верона на кој Интер дојде до посакуваните три бода.