Четири екипи во борба за едно место во ЛШ: Распоредот на Јувентус, Рома, Лацио и Болоња до крајот на сезонава

Дерби

05/05/2025

12:51

351

Големина на фонт

а а а

Наполи и Интер вода своја битка за Скудетото, Аталанта пак е на средина и делува сигурно на третата позиција на табелата, но затоа вистинска драма е за четвртото место во Серија А, позиција која води во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Јувентус, Рома, Лацио имаат по 63 поени, а еден помалку составот на Болоња на три кола до крајот што покажува дека не очекува вистински трилер, многу воздувањата и притоа само еден клуб ќе дојде до тоа посакувано место кое носи најквалитетен, елитен фудбал.

Што овие четири клуба ги очекува до крајот, поточно кој им е распоредот:

Јувентус: Лацио (гости), Удинезе (дома), Венеција (гости)

Рома: Аталанта (гости), Милан (дома), Торино (гости)

Лацио: Јувентус (дома), Интер (гости), Лече (дома)

Болоња: Милан (гости), Фиорентина (гости), Џенова (дома)

Треба да се напомене дека и Аталанта математички не е безбедна, ама со оглед на тоа што има пет и шест бода повеќе од споменатите екипа тешко е да се поверува дека ќе се лизне во следниов период во кој освен со Рома игра против Џенова и Парма.

Исто така Фиорентина и Милан би можеле од позадина да се вклучат во некое сценарио, меѓутоа треба многу работи да се поклопат, екипите пред нив да киксираат, грубат, тие во исто време само да победуваат, па да би успеале да се протнат некако до тоа посакувано четврто место.