Не е сѐ во изгледот, овие три особини ќе го претворат обичниот маж во женски идеал од соништата. Тајната е во енергијата, согласни се експертите, но и во следните карактеристики.
Жените обожуваат мажи со самодоверба. Тие одат со високо крената глава и влегуваат во секоја просторија со позитивен став. Не се однесуваат како да ја поседуваат просторијата и сите луѓе кои се наоѓаат во неа. Напротив, тие се однесуваат како да ја познаваат секоја личност во просторијата, подготвени се за разговор, запознавање, дружење, па дури и интелектуални дијалози.
Истражувањата покажале дека мажите кои имаат самодоверба се доминантни и привлечни за жените, а со самото тоа имаат и повеќе успех на љубовен план. Од друга страна, оние кои одат низ животот со наведната глава и несигурен израз на лицето, имаат целосно спротивно влијание врз женскиот пол.
Жените обожуваат зрели мажи кои одговорно носат одлуки и се соочуваат со сите животни проблеми грациозно. Зрелиот маж не избувнува лесно. Тој ќе размисли пред нешто да каже или да направи. Тој е трпелив, знае што сака и како да ги оствари своите цели.
Студиите покажале дека мажите доминираат во 75 отсто од разговорите во кои се носи некаква одлука, без оглед на тоа дали станува збор за деловно или приватно опкружување.
Не е чудно тоа што мажот којшто знае да слуша е привлечен маж. Тој не чувствува потреба за докажување. Тој нема потреба да ги решава женските проблеми ниту да ги менува своите ставови. Тој знае да слуша и слуша што му кажува другата страна.