Поларен вртлог се движи кон Европа! Научниците забележаа „големо нарушување“ и неочекуван пресврт

Точка

05/05/2025

22:45

3.990

Големина на фонт

а а а

Научниците неодамна забележаа „значајно нарушување“ во поларниот вртлог – појава што никако не е занемарлива. Според нивните последни анализи, вртлогот се движи кон Европа.

Во арктичкиот круг постои масивен систем на силни ветрови познат како поларен вртлог. Тој содржи маса на екстремно студен воздух и ротира во кружно движење околу Северниот Пол. Вртлогот е присутен постојано, но неговиот интензитет значително се зголемува во текот на зимата, кога температурната разлика помеѓу половите и екваторот е најголема. Сепак, неодамна е забележано големо нарушување на овој систем.

Според научниците од американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA), поларните ветрови повеќе не ја опкружуваат строго северната поларна област, туку ја менуваат својата насока и се насочуваат кон Европа.

„Тоа, сепак, не значи дека вртлогот исчезнал. Тој се оддалечи од поларната оска и сега се вие над северна Европа“, објаснуваат научниците.

Оваа промена, иако драматична, не е целосно невообичаена – таа се случува секоја година. Во зима, ветерот дува од запад кон исток, а напролет од исток кон запад, кога Северниот Пол добива повеќе сончева светлина. Вртлогот бил всушност „многу силен“ во текот на оваа зима, пренесува францускиот портал "Linternaute".


Изненадувачки рано нарушување

Она што ги загрижи научниците е времето на оваа промена. Пресвртот започнал на 9 март, што е значително порано од вообичаеното – обично се случува средината на април. Сличен настан бил регистриран и минатата година, исто така на почетокот на март, но тогаш состојбата се нормализирала до крајот на април. Овојпат, сепак, такво стабилизирање сè уште не е забележано.

Со други зборови, ова нарушување би можело да предизвика „потпросечни температури во северна Европа“, како и во „делови од Азија и источниот дел на САД“.