Посета на ресторан му го промени животот на едно семејство: Преживеале драма, па добиле околу 88.000 евра

Точка

06/05/2025

19:41

1.232

Големина на фонт

а а а

Семејство од Северна Ирска доби отштета по тужба за клевета против еден ресторан, откако Судот во Белфаст пресуди во нивна корист.

Сè започнало минатата година кога семејството посетило ресторан во Англија и ја платило сметката во износ од 150 фунти. Меѓутоа, еден од вработените не ја евидентирал уплатата, па изгледало како да го напуштиле локалот без да платат.


Сопствениците на ресторанот ги објавиле снимките од безбедносните камери на "Facebook", обвинувајќи го семејството за бегство без плаќање, објави "Fenix magazin".


Иако подоцна било утврдено дека станува збор за грешка, семејството веќе било изложено на малтретирање преку социјалните мрежи.


Тие решиле да поднесат тужба за клевета, а Судот во Белфаст им доделил отштета од приближно 88.000 евра за нарушен углед. Освен отштетата, ресторанот ќе мора да ги покрие и трошоците за судскиот процес.