Еве каде е најскап ручекот за двајца! Цената оди и над 100 евра: Во една земја можете да поминете и со само 10 евра

Супермен

13/05/2025

17:19

683

Големина на фонт

а а а

Најскапиот оброк за двајца во ресторан е во европските земји – Исланд и Швајцарија, каде таквата сметка надминува 107 евра, а најевтино е ручањето во ресторан во Пакистан и Бангладеш, пишува денес „РИА Новости“, повикувајќи се на јавно достапни податоци.

Меѓу 120 земји во светот, просечната цена на ручек за две лица во ресторан била 42,5 евра.

Се покажало дека ручекот во ресторан е најскап во Исланд и Швајцарија, каде неговата цена изнесува 116 и 120 евра, а потоа следува Камерун, каде ручекот за двајца обично чини 98 евра, во Данска таквиот трошок обично изнесува 92 евра, во Барбадос е 87 евра, во Норвешка – 84 евра и во Белгија 78 евра.


Меѓу десетте земји со најскапи посети на ресторани се и Ирска, Луксембург и Холандија, каде ручекот за двајца исто така чини околу 78 евра.

Според податоците на Роштат, Русија е под средината на таа листа, на 78. место, а во просек оброк за двајца во ресторан во таа земја чини околу 29 евра.


Меѓу најевтините земји за одење во ресторан е Бангладеш, каде ручекот за двајца во просек чини нешто повеќе од 10 евра, следен е Пакистан – каде ручекот за двајца чини 10,7 евра, во Индија трошокот е од 12,3 евра, а меѓу оние на листата на првите десет најевтини земји се Непал и Боливија со по 16 евра, Киргистан 16,9 евра и Египет каде што ручек за двајца во ресторан обично чини нешто повеќе од 17 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk