[ФОТО] Ова е најмалку страшниот полициски автомобил во светот

Супермен

13/05/2025

13:23

953

Големина на фонт

а а а

Сигурно сте виделе полициски "Chevrolet Spark" на улиците низ Македонија, но постои земја што користи уште помал полициски автомобил.

Грчките острови – омилени летни дестинации за многумина – стануваат сè популарни за спроведување на проекти за еколошка одржливост. Тоа не ги одмина ниту возилата. Во 2021 година, Грција на островот Халки воведе шест „полициски молњи“ – шест примероци од моделот "Citroën Ami".

Ова се случи само неколку месеци откако на островот Астипалеа пристигнаа поголем број на "Volkswagen ID. 3" и "ID. 4" во рамките на владина програма за зелена трансформација. Иако овие два модели можат да се сметаат за конкурентни, "Citroën Ami" е речиси сигурно најбавниот полициски автомобил во светот.


Иако "Ami" дефинитивно не е погоден за автопат поради својата ограничена максимална брзина од 45 км/ч, тој сепак има смисла на тесните улички на Халки. Истовремено е и најманеврирано возило во целата полициска флота на островот.

Криминалците најверојатно би можеле лесно да побегнат од ова лесно возило со минијатурен електричен мотор од 8 коњски сили (6 kW), но автономијата од 70 километри, благодарение на литиум-јонската батерија од 5,5 kWh, е повеќе од доволна за скромната патна мрежа на островот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk