Синот на Роналдо дебитираше за репрезентацијата на Португалија!

Точка

13/05/2025

18:46

758

Големина на фонт

а а а

Во Хрватска се одржува Меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“, на кој учествуваат фудбалери до 15 години.

Кристијано Роналдо Џуниор го забележа својот деби настап за португалската репрезентација до 15 години.

Своето прво појавување го имаше во малото хрватско место Свети Мартин на Мури, каде што влезе во игра од клупата на натпреварот против Јапонија, кој Португалија го доби со 3:0. На дебито присуствуваа и неговата баба, како и партнерката на Роналдо, Георгина.

Во Хрватска се одржува Меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“, на кој учествуваат фудбалери до 15 години.

Инаку, Роналдо Џуниор моментално настапува за младинскиот тим на Ал Наср, а претходно беше дел од академиите на Јувентус и Манчестер јунајтед.