Секоја помлада од претходната: Лотар Матеус има нова девојка – ќе ви се заврти во глава од разликата во години

Точка

13/05/2025

22:21

629

Големина на фонт

а а а

Легендарниот германски фудбалер и тренер Лотар Матеус (64) повторно е во фокусот на јавноста – и повторно поради љубов! Овој пат, причината е неговата нова девојка, 38 години помлада од него, со што уште еднаш ги поместува границите кога станува збор за разлика во години.

Во животот на Матеус сега се појави Тереза Зомер (26), млада манекенка која покрај тоа што гради кариера во модната индустрија, има диплома по економија и деловна администрација.


Заедно на скијање во Австрија

Двојката неодамна беше фотографирана во ски-центарот Ишгл во Австрија, каде беа забележани од новинари на популарна „лајфстајл“ емисија во релаксирана атмосфера.

На прашањето за природата на нивната врска, Тереза со насмевка кратко изјавила:

„Дојдовме поради скијањето, останатото е приватна работа“.

Иако формално не ја потврдиле врската, таа изјава беше повеќе од доволна да го поттикне јавниот интерес.


Љубовниот живот на Матеус почесто од спортот во медиумите

Лотар Матеус зад себе има блескава играчка кариера, но приватниот живот често му бил поприсутен во медиумите од спортските успеси.

Зад себе има пет брака и пет разводи, како и деца од три различни врски. Последната сопруга, Русинката Анастасија Клинко, беше 27 години помлада од него – но и таа разлика сега е надмината.

Со Анастасија има син, а претходно бил во брак и со Србинката Маријана, Украинката Кристина (која ја оженил кога имала 21 година), како и со Германките Силвија и Лолита, со кои има три деца, пренесува "Telegraf".