[ВИДЕО] Објавена целосната снимка од нападот на Диди врз поранешната девојка: Удирање, клоцање, влечкање по подот…

Точка

14/05/2025

16:09

1.555

Големина на фонт

а а а

Во јавноста се појави вознемирувачко видео од безбедносна камера на хотел во Лос Анџелес, на кое јасно се гледа како музичкиот могул Шон (Диди) Комбс брутално физички ја напаѓа својата тогашна девојка Кеси (Касандра) Вентура.

Снимката, која била прикажана во целост пред поротата на судењето, ги прикажува морничавите моменти на насилство од 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Сентчури Сити.

Во видеото Комбс бесно ја брка Кеси по ходникот, ја зграпчува за главата, ја турка на подот и ја клоца додека таа лежи неподвижна. Потоа за капа ја влече назад во соба, а подоцна во видеото се појавува обезбедување, кое се обидува да интервенира. Видеото нема звук, но визуелната содржина е толку вознемирувачка, што ја остави судницата во целосна тишина.

Обезбедувачот Израел Флорез, кој сега е полицаец на ЛАПД, беше првиот сведок на судењето и сведочеше дека Комбс потоа се обидел да му понуди поткуп за да го прикрие инцидентот. Исто така Флорез снимил видео на својот телефон за да ѝ докаже на сопругата што се случило, бидејќи мислел дека во спротивно таа нема да му поверува.

Од друга страна Кеси Вентура дала детален опис на годините физичко и психолошко малтретирање што ги претрпела за време на десетгодишната врска со Комбс. Таа тврди дека тој целосно ја контролирал, честопати ѝ упатувал закани и оставал оружје во куќата за да ја заплаши.


Најшокантните обвинувања се однесуваат на таканаречените „Freak Off“ забави – повеќедневни сексуални оргии, во кои Комбс ја принудувал да учествува со платени мажи додека тој гледал и снимал.

„Во првата година од нашата врска тој ми предложи брак под изговор на воајеризам. На почетокот сакав да му угодам затоа што бев заљубена, но бргу сфатив дека тоа е нешто што не сакав да го правам. Немав избор. Се плашев – од него, од последиците, од уцената“, изјави Кеси низ солзи.

Таа додаде дека забавите траеле од 36 до 72 часа, понекогаш и подолго, и дека десетици шишиња бебешко масло биле користени во една сеанса.


Вентура исто така откри дека Комбс редовно физички ја малтретирал.

„Ме удираше во главата, ме шутираше додека бев на подот, ме влечеше низ станот. Ме удираше толку силно што белките од очите ми поцрвенуваа“.


Но и покрај сè, Кеси стоеше со Комбс на црвениот килим држејќи го за рака на премиерата на филмот „The Perfect Match“ два дена по нападот во 2016 година. Кога ја прашале зошто останала, таа рекла дека се плашела – не само физички туку и психолошки.


„Ме увери дека може да ме уништи доколку некогаш си заминам“.

Инаку обвинителите тврдат дека Комбс водел криминална организација, која сексуално експлоатирала и заплашувала жени со децении, користејќи моќ, пари и слава за да ги контролира и замолчи.

Доколку биде осуден, тој се соочува со доживотен затвор.