[ФОТО] Ги покажа голите раменици, а на раката часовникот вреден 349.000 евра: Дали Ана Ивановиќ вака му се „одмаздува“ на Швајнштајгер?

Точка

14/05/2025

09:38

4.464

Големина на фонт

а а а

Во Париз на Гала-настанот во познатата Опера Гарниеза за посебна пригода се собра тенискиот џет-сет, а Ана Ивановиќ која беше една од почесните гости блесна во свој стил.

 Убавата белграѓанка, која ги воодушевува модните познавачи со автентични изданија, како секојдневни варијанти, така и оние за поважни пригоди, уште еднаш покажа зошто се смета за една од најважните личности во светот на „белиот спорт“.

Операта Гарние, ремек-дело на архитектурата од 19 век и еден од бисерите на париската архитектура, слави 150 години откако ги отвори вратите за своите први посетители. По овој повод се одржуваат бројни прослави, а една токму ја организираше Ролекс. Нивните тениски височества Роџер Федерер, Ана Ивановиќ, Стефан Едберг и Гарбиње Мугуруза, исто така, се појавија на гала вечерата во божествената сала.

Долгогодишната амбасадорка на брендот скапи часовници за оваа гламурозна пригода избра елегантен вечерен фустан од „Алекс Пери“. Таа и претходно носела креации со овој потпис, а можеби најзначајна беше жолтата тоалета што ја носеше на Оскарите со Бастијан Швајнштајгер минатата година.


Поранешната „тениска принцеза“ негува софистициран стил, без премногу детали, па овој пат успешно го усогласи стилизирањето со амбиентот. А Операта Гарние, чиј луксузен ентериер може да се спореди дури и со кралскиот Версај, не е лесна задача. Но, Ана најде одлично решение.

Едноставниот модел во темносива нијанса и отворени рамена, со посебен ремен околу вратот, може да се најде за 2.800 евра. Таа мудро го „комбинираше“ фустанот со сандали и внимателно одбран накит, а важна улога одигра и црвениот кармин, нагласувајќи ја нејзината насмевка, нејзиниот најубав „додаток“.

Покрај тоа, Ана се прошетала и со часовник Ролекс, од најновата колекција, а ова парче накит чини 349.000 евра.

Ова била доволна причина да започне дискусија на социјалните мрежи бидејќи ретко кој може да издвои толкава сума пари за вакво парче накит.

Инаку, покрај часовникот, многумина го коментираа и прстенот кој се најде на раката на поранешната тенисерка, а се полемизираше и за неговата цена.