Денвер не се откажува, мајсторка ќе го одлучи патникот во финалето на Западот

Дерби

16/05/2025

11:28

174

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Денвер Нагетс го одбранија домашниот терен и се изборија за мајсторка против Оклахома Сити Тандер во полуфиналето на Западот во НБА лигата.

Клубот од Колорадо уште еднаш покажа карактер, борбеност кога е најпотребно и воден од своите навивачи ја доби ОКЦ со 119:107 и со тоа се доведе во ситуација следниот меч да биде или не, поточно седмата битка во оваа серија да го одлучи победникот и со тоа ривалот на Минесота Тимбервулвс во финалето во западната конференција.

Нагетс добија три од четирите четвртини, најубедливи беа во третиот период кој го реализираа со 32:21. Јокиќ беше блиску до трипл-дабл од 29 поени, 14 скока и 8 асистенции, болниот Мареј кој беше неизвесен до самиот почеток додаде 25 кошеви со 8 скока и 7 асистенции, додека одличен беше и Браун со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока.

Стандардно кај ОКЦ лидер беше Шеј со 32 поени и 6 асистенции.