Македонецот е во најтесниот круг: Митровски во игра за најдобар фудбалер во Хрватска

Дерби

16/05/2025

11:53

122

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски има добра сезона во тимот на Вараждин, партии со кои го привлече вниманието и официјално е во најтесниот круг за играч на сезоната во најдобрата хрватска лига.

Митровски се најде во петте кандидати заедно со Марко Ливаја од Хајдук, Тони Фрук од Ријека, соиграчот на Илија Несторовски од Славен Белупо, Славен Гргиќ и Роберт Мудражија од Локомотива.

- Специјалистот за прекини имаше одлична сезона зад себе во која покажа конзистентност. Постигна седум гола и додаде една асистенција, директно придонесувајќи за 12 поени на својот тим.

- Оваа сезона, Димитар редовно беше повикуван во репрезентацијата на Македонија, а во првенството е на врвот по клучни додавања и создадени шанси. Вараждин моментално е на четвртото место, па има шанса да игра во европските натпреварувања следната сезона, што би го турнало Митровски уште повеќе во центарот на вниманието, - велат од ХНЛ за номинацијата на Димитар.

Гласањето на „Спортнет“ ќе трае до понеделни 26 мај.