Голден Стејт Вориорс ја заврши оваа сезона во НБА лигата и тоа во втората рунда на плејофот каде подобар беше составот на Минесота Тимбервулс.
„Волците“ славеа со 4-1 во серијата, ама прашање е каков ќе беше резултатот ако „вионите“ во своите редови го имаа најдобриот играч Стеф Кари кој се повреди на првиот меч, меч на кој клубот од Сан Франциско издвојува победа.
Со оглед на тоа што со години Голден Стејт беше број еден во НБА, но времето минута и главните играчи се поблиску до 40. година од животот се поставува прашањето дали тука е крајот на генерацијата на Кари, Грин, а тука сега е и Батлер.
- Дрејмонд (Грин), Стив (Кер), Џими (Батлер) и јас имаме уште две години од нашите договори. И сакаме ова возење да трае што е можно подолго. Се зависи од тоа што му е потребно на тимот следната година. Има многу одлуки што треба да се донесат, но јас сум возбуден за сè, - порача Стеф.
Поранешниот шампион преку плејин фазата дојде до плејофот и во првата рунда на Западот го доби Хјустон Рокетс по што доби лекција од Минесота.