Прво ве „зарази“, сега ви помага да заспиете: "TikTok" воведува функција за медитација

Точка

16/05/2025

22:46

296

Големина на фонт

а а а

"TikTok" најпрво ги „зарази“ корисниците со прецизно креирани видео-предлози, а сега најавува нова функција која има цел да ви помогне да заспиете – наместо бескрајно да скролате низ апликацијата.

Станува збор за функцијата „медитација“, која веќе е воведена за корисниците помлади од 18 години. Според извештаите на компанијата, дури 98% од тинејџерите кои учествувале во тестирањето ја оставиле вклучена оваа опција – податок што "TikTok" го смета за особено впечатлив. Поради тоа, одлучено е функцијата да се направи достапна за сите корисници, без разлика на возраста.

„Неодамна започнавме тестирање на оваа функција за да ги охрабриме младите навечер да се исклучат од екранот. Во тестирањето, 98% од тинејџерите останаа со вклучена функција за медитација“, се вели во соопштението на "TikTok".


Компанијата додава дека истражувањата покажуваат дека свесната медитација може да го подобри квалитетот на спиењето кај сите возрасни групи, па затоа функцијата ќе биде воведена глобално.

Сепак, за тинејџери под 18 години, функцијата ќе биде автоматски активирана, додека возрасните корисници ќе имаат можност сами да ја вклучат, ако чувствуваат дека имаат потешкотии да се одделат од телефонот пред спиење.


Првите потсетници ќе се појавуваат само еднаш, но ако ги игнорирате, следните поп-ап пораки ќе бидат потешки за затворање.

„Ако тинејџерот продолжи да користи "TikTok" по 22 часот, неговата "For You" страница ќе биде прекината со водена медитација за смирување пред спиење. Ако продолжи да користи "TikTok" и по првиот потсетник, ќе прикажеме втор, значително потешко отстранлив прозорец – на цел екран“, најавуваат од "TikTok".