Носел „пумпај“ на крагната, бегал од полицијата, предизвика скандал со Италијанците: Кој е естонскиот претставник Томи Кеш – еден од главните фаворити за победа на Евровизија?

Точка

17/05/2025

19:02

989

Големина на фонт

а а а

Естонскиот претставник на Евровизија 2025, раперот и мултимедијалниот уметник Томи Кеш, успеа да го привлече вниманието на целиот регион уште пред да излезе на сцената – благодарение на парчето хартија со пораката „Ја сакаме вистината – пумпај“ што го носеше на своето сако за време на парадата на тиркизниот килим.

Зборот „пумпај“, препознатлив слоган од студентските протести во Србија, стана дел од неговиот костим како дел од збирката пораки кои, како што вели, му ги праќале обожаватели од различни земји, со желби за светот кој сакаат да го променат.

Во краткиот видео клип објавен на официјалниот евровизиски канал на Инстаграм, Томи објаснува дека пораките на неговата облека се избор на неговите следбеници и дека тоа е негов начин да им даде глас – преку уметноста.

Покрај перформансот и модните пораки, Томи Кеш во финалето на Евровизија влезе со песната „Espresso Macchiato“, која предизвика меѓународни полемики. Песната е духовита со наративна пародија на италијанските стереотипи, во која со комбинација на јазици – вклучително и искривен италијански – пее за приватни авиони, мафијашко потење и живеење во златен луксуз. Иако публиката ширум Европа ја прими песната со воодушевување, италијанските власти не биле воопшто благонаклонети.


Џан Марко Сентинајо, потпретседател на италијанскиот Сенат и член на екстремно десничарската партија Лега, повика на забрана на Естонија од Евровизија, обвинувајќи ја песната за „навреда на италијанскиот народ“ и промовирање штетни клишеа.


„Нека дојде во Италија да види како работат пристојните луѓе, наместо да пишува глупости“, изјавил Сентинајо.

Слични жалби упати и италијанското здружение на потрошувачи до Европската радиодифузна унија (ЕБУ), барајќи дисквалификација на нумерата поради, како што велат, „навредлива културна содржина“. Сепак, песната не се повлекува – станува уште повирална.

Кој е Томи Кеш?

Томи Кеш е роден во Талин, гордо го истакнува своето украинско, руско и естонско потекло. Тој израснал меѓу јазикот и идентитетот, а неговата младост била исполнета со бунт – од бегање од полицијата за графити, до исфрлање од училиштето поради консумација на марихуана.

Наместо да го продолжи своето формално образование, тој се посветил на уметноста – од рапување, до танцување, до сликарство и визуелни инсталации. Неговите дела се изложени во музеи во Талин, Париз и низ Европа. Како дизајнер, тој соработувал со Рик Овенс, Адидас и „Maison Margiela“, поместувајќи ги границите помеѓу модата и перформансите.


Во својата музика е инспириран од Нас, Еминем, Миси Елиот, Мерлин Менсон, а во сценскиот израз користи надреализам, иронија и современи кодови на поп културата. Неговиот настап комбинира брејкденс, сарказам и симболика, а публиката или го обожува – или не го разбира.

Томи е пријател со евровизиските ветерани како Јост Клајн (Холандија) и Каарија (Финска), а минатата година освои 83% од гласовите на публиката на естонскиот Евросонг, со што стана апсолутен фаворит.


Watch on TikTok

Интересно е што и покрај бранот критики од Италија, тој објави ремикс на песната „Espresso Macchiato“ со италијанскиот рапер Тони Ефе, што дополнително ја замаглува границата помеѓу иронијата и соработката.