Ева Лонгорија не престанува да воодушевува со својот изглед иако веќе влезе во шестата деценија.
Холивудската актерка Ева Лонгорија (50) моментално е во Кан, каде што веќе нè воодушеви со своето специјално модно издание, а тоа продолжи да го прави и на последователните настани на кои присуствуваше во овој монденски француски град.
Ева, заедно со нејзиниот сопруг, Хозе Бастон, беше на вечера во ресторан кој го славел својот 10-ти роденден.
Секако, Ева беше главна тема од моментот кога се појави.
Нејзин моден избор беше асиметричен бел фустан без прерамки, а актерката повторно ја истакна својата прекрасна фигура, поради што го има прекарот „џебна Венера“.
Сè надополни со бели сандали со високи потпетици, додека монохроматското издание го „разби“ со златни обетки и блескава чанта.
Инаку Лонгорија првпат се појави во Кан пред 20 години, а секоја година изгледаше сè подобро и подобро, што и сега го докажува.