Вистината излезе на виделина: Познатата актерка 30 години го криела биолошкиот татко

Точка

19/05/2025

08:48

1.542

Големина на фонт

а а а

По повеќе од 30 години, ѕвездата од серијата „Закон и ред“ Маришка Харгитеј откри дека нејзиниот биолошки татко не е Мики Харгитеј, туку познат италијански пејач и комичар.

Во новото интервју за „Vanity Fair“ и во нејзиниот документарец „Мојата мајка Џејн“, ѕвездата од серијата „Закон и ред“, Харгитеј потврди дека нејзин биолошки татко е италијанскиот пејач и комичар Нелсон Сардели.

Како што рече, нејзината мајка, филмската ѕвезда и секс симбол на 50-тите години Џејн Менсфилд, имала кратка врска со Сардели откако накратко се разделила со Миклош Мики Харгитеј, поранешниот Мистер Универзум.


Менсфилд подоцна се помирила со Мики пред да се роди Маришка, а тој ја одгледал како негова ќерка.


Инаку Харгитеј ја дознала вистината кога имала дваесет години, откако видела фотографија од Сардели и забележала голема сличност. Кога му го кажала тоа на Мики, тој инсистирал дека е нејзин биолошки татко.

„Никогаш повеќе не зборувавме за тоа, а потоа Мики почина во 2006 година“, рекла актерката, додавајќи дека сè уште го смета Мики за свој вистински татко.

„Јас сум ќерка на Мики Харгитеј, тоа не е лага“, истакна таа.


Инаку Маришка го запознала Сардели кога имала 30 години, но на почетокот држела дистанца.

„Му реков: „Не сакам ништо од тебе. Јас имам татко“. Меѓутоа со текот на времето, таа изградила добри односи со него и неговото семејство.