Кевин Де Брујне си заминува од Манчестер Сити по крајот на тековнава сезона и како што стојат работите престојните дуели со Борнмут и Фулам во Премиер лигата ќе му бидат негово последни во дресот на „граѓаните“.
- Ќе биде чудно. Ќе се обидам да уживам во тоа, - истакна искусниот Белгиец.
За кратко време следи Светското клупско првенство на кое ќе настапи и Манчестер Сити, но Де Брујне нема намера да потпише краткорочен договор за да може да биде дел од настанот во САД.
- Нема никаква смисла, но мислам дека тоа се случува кога ќе наметнете нови турнири во средината на оваа договорна ситуација (врзан е со Сити до 30 јуни). Морам да се грижам за себе бидејќи што ќе правиме ако се повредам на Светското клупско првенство? Никој нема да се грижи за мене во тој момент. Значи, постои голема веројатност дека веројатно нема да играм на него, - порача Кевин за кого се уште е нејасно каде ќе ја продолжи кариерата.