Дресот што Мајкл Џордан го носеше на 17 натпревари за Чикаго Булс во сезоната 1992/1993 е продаден на аукција за 2,6 милиони долари.
Станува збор за дресот со кој Џордан се појави на насловната страница на магазинот "Sports Illustrated" на 18 октомври 1993 година. Според експертите за автентичност, ова е единствениот познат дрес од тој период кој се поврзува со неговиот прв "трипит" со Булсите.
Сезоната 1992/1993 има особено значење и за Џордан и за тимот. Тоа беше седма сезона по ред во која тој беше најдобар стрелец во НБА лигата, со што го изедначи легендарниот рекорд на Вилт Чембрлен.
Исто така, тоа беше сезоната кога Булс првпат освоија три титули по ред – историски „"трипит"“ во НБА.
Во финалната серија, иако во друг дрес, Џордан постигнуваше во просек 41 поен по натпревар во шесте меча – што останува рекорд во финалето на лигата.
Најскапиот спортски сувенир поврзан со Мајкл Џордан сè уште е неговиот дрес од „Последниот танц“, кој во септември 2022 година беше продаден за повеќе од 10 милиони долари, пренесува "B92".