Жозе Мурињо беше доведен во Фенербахче за да ја прекине доминацијата на Галатасарај во турскиот фудбал, но таа мисија е неуспешна затоа што големиот ривал не само што остана на врвот во шампионатот туку и го освои пехарот во Купот.
Двата најважни трофеи се во витрините на Галатасарај, па ова беше добра можност за навивачите на овој клуб да го „пецнат“ и поздрават Мурињо.
🚨 Galatasaray taraftarından Jose Mourinho'ya gönderme pankart: "Dünyanın en pahalı influencerı" pic.twitter.com/AmfiGaY3XJ
— SPORBORD (@sporbord) May 18, 2025
Мурињо многупати сезонава знаеше да се жали, да бара оправдувања, знае да биде и активен на социјалните мрежи што беше искористено од поддржувачите на Галата да постават банер со јасна порака.
-Најскапиот инфлуенсер во светот, -порачаа навивачите на Галатасарај.