Чаби Алонсо наредил да му го донесат Будимир

Макфакс

20/05/2025

21:00

1.938

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да го доведе хрватскиот фудбалер Анте Будимир од Осасуна.

Како што објавија шпанските медиуми, новиот тренер на „кралскиот клуб“ Чаби Алонсо веќе го идентификувал Будимир како една од своите први мети во летниот преоден рок, со цел правилно да ја примени „формула Хоселу“ од минатата сезна, односно да доведе напаѓач кој може да доминира од клупата во клучните моменти.

Идејата на Реал е Килијан Мбапе, Винисиус и Родриго да бидат првите опции во нападот, а Алонсо наводно сака да има на располагање напаѓач со силно чувство за гол, физичко присуство и квалитетна игра со глава.

„Ќе играме според правилата. Ќе го продадеме Будимир само ако некој ја плати неговата откупна клаузула од 20 милиони евра. Нема преговори, нема попусти“, изјавиј претседателот на клубот Луис Сабалза.

Анте Будимир оваа сезона во Осасуна игра во неверојатна форма, тој е трет најдобар стрелец во Ла Лига со 21 гол, веднаш зад Мбапе и Роберт Левандовски.