Останува само уште едно коло во Премиер лигата, коло кое ќе ги даде одговорите на последните отворени прашања околу тоа кои екипи ќе им се приклучат на Ливерпул и Арсенал во Лигата на шампионите, но и кои тимови ќе играат во преостанатите две европски конкуренции.
По крајот на тековнава сезона или поточно на крајот на наредниот месец дури 66 играчи од Премиер лигата остануваат без договор, а меѓу нив има асови на Ливерпул, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Њукасл, имиња кои можат да бидат квалитетни засилувања за дел од клубовите.
„Мирор“ ја искористи оваа ситуација и склопи состав во формација 4-3-3 кој според нив е најдобар од оние кои ќе останат без договорот на крајот на јуни.