Де Брујне за големото промашување на збогувањето со „Итихад“: Тоа беше катастрофа

Дерби

21/05/2025

12:27

230

Големина на фонт

а а а

Победата на Манчестер Сити над Борнмут не беше единствена причина за емотивната вечер за фановите на премиерлигашот, а овој натпревар ќе биде запаметен и како последен на „Итихад“ за клупската легенда Кевин де Брујне.

Белгиецот беше заменет во вториот дел и доби овации од фановите на Сити, во пресрет на завршниот гостински дуел на екипата, кој ќе биде и последен за Де Брујне во составот на Пеп Гвардиола.

– Се чувствувам малку чудно, ова беше неверојатна етапа.

– Сакам да им донесам радост на фановите, да играм креативен и офанзивен фудбал. Беше големо задоволство да се биде на теренот во овој дрес и да ги радувам фановите креирајќи нешто за овој клуб, – рекол Де Брујне.

Белгиецот имаше и голема шанса да постигне гол, но не успеа да претвори еден зицер во реализација, па по натпреварот се шегувал на своја сметка.

– Тоа беше катастрофа, нема изговори. Син ми ќе биде многу непријатен со мене денеска, – потенцирал Белгиецот.