Вардар потврди договор со српски репрезентативец

Дерби

21/05/2025

12:55

184

Големина на фонт

а а а

Ракометниот клуб Вардар следната сезона ќе биде посилен и за Урош Митровиќ, 20-годишен десен бек кој прифатил во иднина да го носи црвено-црниот дрес.

Српскиот репрезентативец доаѓа од француски Тулуз, а зад себе веќе има интернационални настапи и во Полска и Австрија.

– Голема чест и задоволство е да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја.

– Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло, вели Митровиќ во првата изјава откако договори трансфер во редовите на Вардар.

Митровиќ потпишал договор до 2027 година.